Top Sport

Нико Ковач ќе остане во Баерн

Нико Ковач и наредната сезона ќе биде тренер на Баерн Минхен, потврдил првиот човек на клубот Карл-Хајнц Румениге. Поранешниот хрватски репрезентативец успеа да ги освои двете домашни титули.

„Секако дека Нико останува, тоа никогаш не било спорно. Во Баерн се важи трофеите, а кога се освојуваат тоа значи дека тренерот одиграл важна улога. Никогаш не сме се сомневале во Ковач, тимот изгледаше одлично“, рекол Румениге.

Ковач синоќа со победата над Лајпциг го „одбрани“ Купот бидејќи лани трофејот го освои со Ајнтрахт од Франкфурт.

Scroll to Top