Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, имал интересен одговор на прашањето дали Никола Јокиќ покренал револуција на позицијата центар во НБА лигата.
Сан Антонио Спарс, изминатата ноќ, успешно се справија со Јокиќ и неговите Денвер Нагетс (111:103). И покрај поразот Денвер се лидери в Западната конференција.
„Кога ќе го слушнам зборот револуција, мислите ми одат кон Че Гевара, Ленин…Навистина не сметам дека Јокиќ е револуционерен. Мислам дека тоа е хипербола. Ќе кажам дека тој е неверојатен играч. Кога ќе го погледнете знаете дека тој не може да направи ништо погрешно. Тој е добро момче, бевме заедно во Белград. Тој не трча многу, не „виси“ во вежбалница, но веројатно е најпаметниот играч во лигата. Има вештини и знае како да ги користи. Јасно е дека е важен играч за Денвер“, рекол легендарниот тренер на Сан Антонио.
Јокиќ против Сан Антонио го одигра најлошиот меч во декември. За 31 минута на теренот имал учинок од четири поени, четири скока и десет асистенции.