Top Sport

Јокиќ не може сам – Дончиќ со Далас го порази Денвер

Далас Маверикс славеа победа во дуелот со Денвер Нагетс 103:89. Лука Дончиќ и Никола Јокиќ поентерски ги предводеа своите тимови.

Маверикс со тимска игра дојдоа до победата. Покрај Дончиќ уште петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Кај Денвер Јокиќ не доби поддршка од соиграчите.

Далас победата ја обезбедија во последните осум минути, во тој период постигнаа шест тројки.

Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, осум скока и 15 асистенции. На спротивната страна Јокиќ беше најефикасен со 27 поени, 16 скока и три асистенции.

Scroll to Top