Голден Стејт го победи Денвер Нагетс во Колорадо со 118:113 и води со големи 3:0 во серијата. „Воините“ ја завршија работата со серија од 9:2 и ја замолкнаа публиката во Денвер, а за викнедот можат и да ги „исчистат“ ривалот.
За да се пласира во полуфинале на конференцијата, Денвер ќе треба да го направи она што никој досега не успеал да го направи, пресврт по негатива од 0:3. Вкупно 143 пати бил овој резултат во плеј-офот и никогаш не се случил комплетен пресврт во историјата на НБА лигата.
Денвер Нагетс до финишот го контролираа мечот, а потоа не дадоа кош во шест напади по ред.
Никола Јокиќ заврши со 37 поени, 18 скока, пет асистенции и три украдени топки, но против силниот тим на Голден Стејт тоа не беше доволно. Арон Гордон додаде 18 поени, имаше и 12 скока, но остатокот од тимот беше потпросечен.
Кај гостите Кари и Пул постигнаа по 27 поени, Клеј Томпсон 26, Грин имаше 10 асистенции, а во еден од решавачките напади му ја украде топката на Јокиќ.
Далас Маверикс поведе со 2-1 во серијата против Јута Џез откако славеше со 126:118. Донован Мичел со 32 поени, шест скока и две асистенции го водеше тимот до победа во Солт Лејк Сити.
Мемфис Гризлис со фантастичен четврти период, кој го доби со 37:12, ја победи Минесота Тимберволвс (95:104) и поведе со 2:1 во серијата. Десмонд Бејн со 26 поени и шест скока беше предводник во тимот на Мемфис, а 20 поени и осум скока додаде Брендон Кларк.