Српскиот кошаркар Никола Јокиќ неодамна стана татко, а тој и неговата сопруга Наталија ја добија ќеркичката Огњена. Центарот на Денвер Нагетс раскажува како се снаоѓа во новата улога. Тој вели дека се чувствува прилично бескорисно.
„Навистина го ценам она што Наталија го прави за нас, таа е МВП, таа е најдобриот играч во нашето семејство моментно. Навистина го ценам начинот на кој тоа го прави, пред се затоа што сето ова е ново и за неа. Многу бргу се прилагодува, се прави добро, а јас сум тука за поддршка затоа што се чувствувам навистина бескорисно, немам што да правам“ рече Јокиќ.
Неговата сопруга Наталија е долго време со него. Таа заминала во САД пред него, таму се запишала на факултет. Во меѓувреме вљубениот пар се венчаше, а сега ја добија и приновата.