Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун го изненади кошаркарскиот свет на мечот против Вашингтон кога ја изведе највисоката постава во историјата на НБА, а сега и против Њу Орлеанс, во подготвителен меч, повторно го стори истото.
Српскиот центар Никола Јокиќ повторно играше како плејмејкер, но „пеликаните“ славеа победа со 119-104.
За 25 минути Јокиќ имаше 11 поени, 10 скока и 8 асистенции со шут од игра 4/10.
Во победничката екипа најефикасен беше Ник Александер Вокер со 21 поен.