Никола Јокиќ не го дочека крајот на натпреварот Денвер-Вашингтон (113:107). Актуелниот МВП беше исклучен на шест минути до крајот на мечот. Во моментот кога беше исклучен Денвер имаа предност од 18 поени, на крајот некако успеаја да победат.
Јокиќ и Денвер се жалат дека тој не добива адекватна заштита од судиите, каква што имаат останатите големи ѕвезди.
Во два напади Јокиќ имаше дуел со Спенсер Динвиди. Во првиот, Динвиди постигна поени откако со лактот го удри противникот, а потоа додека Јокиќ поставуваше блок, неколку пати одново Динвиди неколку пати го удри.
Јокиќ се жалеше кај судиите, кои го исклучија од натпреварот. Нервозниот Јокиќ тргна во „лов“ на еден од судиите, но соиграчите го спречија да направи поголема глупост.
Инаку, Јокиќ, натпреварот го заврши со 28 поени, 19 скокови и девет асистенции.