Top Sport

Јокиќ повторно со луди бројки, но неговите Нагетси паднаа во продолжение (видео)

Српскиот кошаркарски ас, Никола Јокиќ повторно пружи фантастична партија со трипл-дабл учинок, но тоа не беше доволно за победа на Денвер нагетс, кои загубија со 128:123 на гостувањето кај Детроит, кои пак ја прекинаа низата од пет порази.

Јокиќ беше убедливо најдобар на теренот со 39 поени, 11 асистенции, 10 скока, 3 украдени топки и 2 блокади, а во неговиот тим се покажа и Вил Бартон со 20 поени. Кај Пистонси најдобар беше Андре Драмонд со 21 поен и 7 скока.

Денвер имаше предност од дури 21 поен по првата четвртина, но до крајот на полувремето, Пистонси направија пресврт и водеа со 68:65. Второто полувреме беше поизрамнето, пред Денвер да направи предност во финишот на натпреварот, која на крајот се покажа како недоволна. Денвер остануваат трети на Западот со 34-16 скор.

Scroll to Top