Top Sport

Меси и Фати се „рецептот“ за успех на Кике Сетиен (видео)

Барселона се врати по незгодниот пораз од Валенсија, за со 2:1 да го совлада Леванте на „Ноу Камп“ и да се доближи на три поени од лидерот Реал Мадрид по 22. коло во Ла лига, благодарение на фантастичното партнерство кое го формираа Лео Меси и тинејџерот Ансу Фати.

17-годишниот Фати, кој доби шанса да биде стартер за Каталонците по повредата на Луис Суарез, стана најмладиот фудбалер во Ла лига кој постигнал два гола на еден меч, откако во „блицкриг“ на неговиот тим за помалку од две минути доби фантастични две асистенции од Меси за обезбедувањето на победата во 30. и 31. минута од мечот. Рубен Рочина во 92. минута успеа да постигне утешен гол за гостите.

За Леванте, за кои 80 минути одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди, ова е четврти пораз во низа, и клубот од Валенсија се наоѓа на 13. место на табелата со 26 поени, осум над зоната за испаѓање.

Scroll to Top