Top Sport

Јокиќ шести, Дончиќ седми најдобар играч во НБА

Во пресрет на ре-стартот на сезоната во НАБ лигата „Sports Ilustrated“ ги рангираше кошаркарите кои ќе играат во Орландо. Според овој медиум меѓу најдобрите 10 има место за тројца кошаркари од Балканот.

Минатосезонскиот МВП, играчот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо е на третото, Србинот Никола Јокиќ на шестото, а Словенецот Лука Дончиќ на седмото место.

Најдобар играч кој ќе се појави во Орландо, во Дизниворлд, е ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс, а зад него е Каваи Ленард од Лос Анџелес Клиперс.

Зад лидерот на Бакс, Адетокумбо, се наоѓа Џејмс Харден од Хјустон Рокетс, а неговиот соиграч Расел вестбрук е 11 на листата.

Зад Харден, а пред Јокиќ е соиграчот на Џејмс од Лејкерси Ентони Дејвис.

Најдобрите 10 на осмото, деветтото и десеттото место ги затвораат Пол Џорџ (Лос Анџелес Клиперс), Демијан Лилард (Портланд Трејлблејзерс) и Џоел Ембид (Филадлефија Севентисиксерс).

Scroll to Top