Top Sport

Јокиќ со 21. дабл-дабл, Ирвинг блесна при камбекот (видео)

Никола Јокиќ имаше 20 поени и 15 скока за неверојатен 21. дабл-дабл учинок оваа сезона, додека Џамал Мареј додаде 19 поени за Денвер нагетс да стигнат до 114:104 победа над Лос Анџелес клиперс и второ место на Западот.

Гери Херис додаде 15, а Мајкл Портер 13 додека дури седум кошаркари на Нагетси имаа двоцифрен број на поени во импресивната победа. Кавај Ленард имаше 30 поени, а Лу Вилијамс 26 за Клиперси кои во последните минути од мечот се вратија од 20 поени разлика, но не го комплетираа камбекот.

Кајри Ирвинг постигна 21 поен во првиот меч по речиси два месеци, а Бруклин нетс не губеа во ниту еден момент од мечот за лесна 108:86 победа над Атланта хокс. Ирвинг пропушти 26 натпревари поради повреда на десното рамо, но тоа не му пречеше да има 10-од-11 од поле и да додаде три асистенции во 20 минути игра. Нетс, кои имаа 13-13 скор без Ирвинг, имаа 39 поени предност за втора победа по низата од седум порази едноподруго.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Денвер – ЛА Клиперс 114:104

Бруклин – Атланта 108:86

Торонто – Сан Антонио 104:105

Њујорк – Мајами 124:121

Вашингтон – Јута 116:127

Мемфис – Голден Стејт 122:102

Феникс – Шарлот 100:92

Scroll to Top