Top Sport

Јокиќ со најдобрата асистенција сезонава, Денвер се врати на победите

Денвер нагетс со 121:111 ги совладаа Сакраменто кингс за да стават крај на серијата од два порази во низа, а повторно прв човек на Нагетси беше МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ, кој за 33 минути на теренот имаше 33 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Денвер по првата четвртина направи предност од 12 поени, која ја оддржа до полувремето, а во текот на последната четвртина имаа и над 20 поени предност, пред Кингси да се вратат назад. Покрај Јокиќ, Џеф Грин имаше 18 поени, додека кај Кингс, Деарон Фокс имаше 30 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Јанис Адетокумбо исто така имаше одлична вечер со 31 поен, 7 скока и 9 асистенции за да ги предводи Милвоки бакс до 109:121 победа на гости, додека кај Нетси, не беа доволни 29-те поени, 9 скока и 7 асистенции на Кевин Дурент.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Сан Антонио 119:100

Бруклин – Милвоки 109:121

Торонто – Јута 122:108

Чикаго – Вашингтон 130.122

Хјустон – Далас 106:130

Оклахома – Минесота 105:135

Денвер – Сакраменто 121:111

ЛА лејкерс – Атланта 134:118

Портланд – Кливленд 101:114

Scroll to Top