Top Sport

Јокиќ со трипл-дабл против Филаделфија, Дончиќ ја прекина лошата низа на Далас

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ ги предводеа своите тимови до победи над Филаделфија односно Индијана, изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер Нагетс се лидери на Западот, додека Далас ја прекина лошата низа и остана во трката за пласман во плеј-офот.

Денвер со Јокиќ ја победи Филаделфија без Џоел Ембид со 116:111. Денвер имаа предност од 20 поени во последната четвртина, гостите на 13 секунди до крајот дојдоа до 114:111, а точка на мечот стави Џеф Грин од линијата за слободни фрлања.

Јокиќ го предводеше Денвер со трипл-дабл од 29 поени, 17 скока и 12 асистенции. За актуелниот МВП ова беше 29. трипл-дабл во сезоната и 105. во кариерата.

Во отсуство на Ембид, Филаделфија ја предводеше тајрис Мекси со 29 поени. Ембид не играше поради повреда на листот. Интересно од 2019 година, Ембид нема настап во арената на Денвер.

Далас Маверикс низата од четири порази ја прекинаа во Индијанаполис. Мевс славеа над Индијана со 124:107.

Лука Дончиќ го предводеше Далас со 25 поени (8-17 од поле), седум скока и шест асистенции, а Кајри Ирвинг постигна 16 поени (7-11 од поле).

Бенедикт Матурин постигна 26 поени (9-19 од поле) за ослабената Индијана која настапи без најдобрите играчи Халибартон, Тарнер и Хилд.

Резултати:

Детроит – Милвоки 117:126
Индијана – Далас 104:127
Њујорк – Хјустон 137:115
Јута – Феникс 103:117
Денвер – Филаделфија 116:111
Портланд – Њу Орлеанс 90:124
Сакраменто – Минесота 115:119
ЛА Клиперс – Чикаго 124:112

Scroll to Top