Top Sport

Јокиќ со звукот на сирената го победи Дончиќ (Видео)

Никола Јокиќ ја реши пресметката помеѓу Денвер Нагетс и Далсс Маверикс со звукот на сирената 100:99.

Победничките поени за победа што го постигна Јокиќ, во сенка го фрлија спектакуларното забивање на Лука Дончиќ на пет секунди до крајот на мечот. Словенецот доби и фаул, н не успеа да го искористи дополнителното слободно фрлање.

Петте секунди ги искористија Нагетс преку Јокиќ, кој погоди тежок шут преку Двајт Пауел.

Србинот на шест минути до крајот ги постигна првите поени, а натпреварот го заврши со 11 поени, 14 скока и 8 асистенции.

На спротивната страна Дончиќ беше на асистенција до трипл-дабл (24 поени, 11 скока, 9 асистенции).

Најефикасен играч на мечот беше Пол Милсап од Денвер со 33 поени.

Scroll to Top