Top Sport

Јокиќ: Србија не сака многу кошарка, сака само да победува

Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ во интервју со „Гласот на Америка“ зборуваше за кошарката во неговата татковина, Србија и именувањето на Игор Кокошков како тренер на тимот.

Јокиќ и Србија стигнаа само до петтото место на Светското првенство минатата година, иако беа големи фаворити, по што се случија промените на челото на репрезентацијата.

„Секогаш сум велел – Србија не е земја која ја сака кошарката толку многу, но сака да победува и тоа е најголемата грешка. Но, од друга страна, тоа е и добра работа. Петтото место беше наш максимум поради тоа што го покажавме на паркетот. Дали требаше да ја победиме Аргентина во четврт-финалето? Видете, тие играа феноменално и стигнаа до финалето“, вели Јокиќ.

Сега, го очекува нов циклус пред Олимпијадата во 2020 под водство на Кокошков.

„Среќен сум поради тоа што дојде Игор. Тој е некој кој може да воведе нешто ново во репрезентацијата, нов систем, нови луѓе. Ќе видиме. Лично, никогаш не зборувам дали ќе играм пред големите турнири и не кажувам ниту сега. Олимпијадата е далеку“, додава Јокиќ.

Scroll to Top