Top Sport

Валверде: Неизбежни се прашањата за мое заминување

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде повторно морал да одговори на прашањето околу евентуалниот отказ откако неговиот тим испадна од Атлетико Мадрид во полу-финалето во Суперкупот.

Барселона синоќа во Џеда, со пресврт, го загуби натпреварот од Атлетико (2:3). Поради тоа повторно е актуелен евентуалниот отказ за тренерот Валверде.

„Знаеме каков е фудбалот. Никогаш не сте сигурни, таква е оваа работа. Кога се резултатите лоши или кога губите, како што тоа се случи сега, неизбежни се прашањата очекувано е да разговараме на таа тема. Неизбежно е“, рекол Валверде.

Во текот на мечот на Барселона ВАР и поништи два гола (Меси и Пике).

„Доминиравме, а мечот го решија детали на кои што не можевме да влијаеме. Го имавме мечот во свои раце. Не мислам дека бевме надиграни“.

Барселона наредниот натпревар ќе го игра на 19 јануари против Гранада.

Scroll to Top