НБА суперѕвездата Никола Јокиќ во понеделникот се приклучи на репрезентацијата на Србија, со која ќе се обиде да се пласира на Светското првенство во 2023, по неубедливите резулати во првата фаза на квалификациите во која тој отсуствуваше.
Амбициите во Србија, секако, секогаш се големи, со најави за освојување на медал, но прво треба да се мине квалификациската група во која се со силните Грција и Турција.
„Убаво е да се видат овие момци повторно. Тренираме полека, со слаб ритам бидејќи знаеме што не чека. Првата цел е да се пласираме на големите првенства и да ја продолжиме траицијата. Секогаш е поинаку кога се игра за Србија, а знаеме дека нема да биде лесно. Знам дека сите сонуваат за злато. Ние не го сакме спортот, не ја сакаме кошарката, сакаме да победуваме и тоа е нашиот менталитет“, изјави Јокиќ за српските медиуми.