Top Sport

Јокиќ стави потпис на најбогатиот НБА договор во историјата

Денвер нагетс го потврдија најбогатиот договор во историјата на НБА лигата, откако српскиот кошаркар Никола Јокиќ потпиша нов петгодишен договор вреден 270 милиони долари со опција за уште една сезона.

27-годишниот Јокиќ го потпиша договорот во петокот навечер во присуство на својот менаџер Мишко Ражнатовиќ, откако стана двократен МВП на НБА лигата со просек од 27 поени, 14 скока и 8 асистенции по меч.

Scroll to Top