Денвер Нагетс славеа драматична победа во Торонто 110:109. Победникот го реши Никола Јокиќ, кој во последната секунда го блокираше Оџи Ануоби.
Актуелниот МВП, во само 12 секунди го мина патот од трагичар до херој на Денвер. Јокиќ најпрвин промаши две слободни фрлања, а потоа во последниот напад со блокада на Ануоби му ја донесе победата на својот тим.
Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, 15 скокови и шест асистенции. Уште четворица играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени.
Торонто го предводеа Паскал Сијакам со 35 поени и 10 скокови, односно Фред Ванвлит со 25 поени.