Top Sport

Јуинг ги критикува центрите: Во оваа ера за нив ќе бев Мајкл Џордан

Легендата на Њујорк Никс, Патрик Јуинг, жестоко ги критикувал денешните центри. Рекол дека во денешната кошарка тој за нив би бил Мајкл Џордан.

„Малку добри центри има денес во лигата. Во оваа ера јас би бил она што во мое време беше Мајкл Џордан. Се се смени, кошарката се смени, сменет е начинот на игра….Речиси сите висoки играчи сега имаат желба да шутираат тројки, наместо да играат на низок пост, свртени со грб кон кошот“, рекол Јуинг.

Славниот центар, во кариерата бележел 21 поен и 9,8 скокови по натпревар. Во периодот од 1985 до 2002 година играл за Њујорк Никс (15 сезони), Орландо Меџик и Сиетл Суперсоникс.

Scroll to Top