Јута Џез по 35 години доби нов сопственик. Гејл Милер реши франшизата да му ја продаде на Рајан Смит. Сопственикот на компанијата „Квалтиркс“, за Јута Џез плати 1.660.000.000 долари.
Сопругот на Гејл, Лери Милер, во 1985 година за сума од 9.500.000 долари, стана сопственик на 50 отсто од акциите на јута Џез. Една година подоцна ги откупи останатиот дел од акциите за 20.000.000 долари и стана сосптвеник на франшизата.
Милијардерот, Лери Милер, почина во 2009 година, а франшизата им ја остави во наследство на членовите на семејството.
Новиот сопственик Рајан Смит е роден во државата Јута, што е доволна гаранција дека франшизата ќе остане во Солт Лејк Сити.
Јута Џез никогаш не биле шампиони во НБА лигата. Најблиску до шампионската титула франшизата беше во 1997 и 1998 година, но тандемот Карл Мелоун и Џонс Стоктон, не успеа да ги победи Мајкл Џордан и Чикаго Булс.