Top Sport

Јувентус ќе формира кошаркарски тим?

Објавата на „Твитер“, на фудбалскиот клуб Јувентус, навестува дека „старата дама“ наскоро би можела да има и кошаркарска секција. Јувентус, минатата година, го претстави женскиот фудбалски тим, а шпекулациите се дека ќе влезе и во кошарката.

„Се наближува 25.јули 2018. За оние што сакаат да уживаат во нови предизвици. За оние што сакаат да ги надминат границите. Искажете го потенцијалот“, пишува Јувентус на „Твитер“, а коментарот го следи фотографија од кошаркарски дрес.

Изминатите неколку недели, во Италија се шпекулира, дека е можна соработка помеѓу Јувентус и Оксилиум Торино. Оваа екипа игра во Лага А, а се натпреварува и во кошаркарскиот Еврокуп.

Scroll to Top