Top Sport

Реал се договорил со таткото на Азар, се чека Челси

Реал Мадрид вредно работи на реализцијата на трансферот, на фудбалерот на Челси, Еден Азар. Белгиецот треба да биде ѕвездата што ќе дојде на местото на Кристијано Роналдо, кој се пресели во Јувентус.

Фрнцускиот „Ла 10 спорт“, објави дека Реал постигнал договор за трансферот со таткото на Азар и дека сега останува само да ги „испегла“ финаиските детали со Челси.

Според овој извор, Реал, за Азар ќе плати 190 милиони фунти, а нејасно е само дали во трансферот ќе биде вклучен и голманот Тибо Куртоа. Неговата цена е нешто поголема од 30 милиони фунти, а тој нема ништо против да замине од Челси.

Азар не крие дека негова желба е да го облече дресот на реал, меѓутоа прашање е како ќе реагира Челси, односно новиот менаџер Маурицио Сари, кој најави дека сака лично да разговара со фудбалерот за да му ги изложи своите планови.

Scroll to Top