НБА фановите останаа зачудени за неколкудневната трансформација на Џејмс Харден по неговиот трејд во Бруклин нетс, по што некои дури тврдеа дека тој носел „вештачки“ стомак за да изгледа дебело додека бил во Хјустон рокитс.
Пред неколку дена се појави фотографија од Харден на тренинг со Рокитс, на која беше забележливо дека има вишок килограми, но во саботата навечер, тој блесна со трипл-дабл за Нетс и изгледаше значително послаб и далеку подобро физички подготвен.
Бидејќи е невозможно тој да ослабел 10 килограми за една недела, многумина на социјалните мрежи беа зачудени од трансформацијата, со шпекулации дека намерно носел „дебело одело“ за да примора Хјустон да го продадат.
Was James Harden wearing a fat suit in Houston? @thisleague pic.twitter.com/1ffF82wpxu
— Barstool Sports (@barstoolsports) January 16, 2021
BREAKING: this just showed up for sale on EBay pic.twitter.com/PCFqFaC0OV
— Barstool Sports (@barstoolsports) January 16, 2021