Top Sport

Кадетите по 12 години влегоа во А-дивизијата! Секоја чест момци!

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со високи 84:66 (23:18, 16:17, 30:14, 15:17) беше подобра од репрезентацијата на Чешка во Сараево за да се освои третото место на Еуробаскет Б-дивизијата со која се обезбеди пласман меѓу елитата во следната рунда на натпреварувањата.

Марко Миловановиќ имаше 23 поени и 14 скока, а Андреј Андоноски имаше 15 поени за тимот на селекторот Јованчевски.

Ова е првпат од 2006 година, кадетската репрезентација на Македонија да се пласира во елитата на европската кошарка, така што успехот на момците во БиХ треба да се препознае.

Во финалето во Сараево ќе играат репрезентациите на Босна и Херцеговина и Русија, кои покрај Македонија одат во А-дивизијата.

Scroll to Top