Top Sport

Кадетите поразени од БиХ, уште една шанса за А-дивизија против Чесите (обновено)

Македонската кадетска репрезентација доживеа пораз со 97:76 (23:20, 27:30, 26:14, 19:12) од домаќините Босна и Херцеговина во полуфиналето на Европското првенство Б-дивизија, со што сега ќе треба да го добијат мечот за третото место за да се пласираат во А-дивизијата.

Момците успеаја да бидат израмнети со БиХ во текот на првото полувреме (50:50), во кое се враќаа и од негатива од десет поени разлика, но потоа следуваше лошата трета четвртина, по кој поразот беше сигурен, и неизвесна беше само разликата со која противникот ќе ја добие партијата.

Петрушевски беше најефикасен со 18 поени, Мирковски додаде 13, а Миловановиќ 12.

Во второто полуфинале во Сараево, Русија стигна до убедлива 78:65 победа над Чешка, што значи дека нашите момци ќе мораат да ги победат Чесите за пласман во А-дивизијата.

Scroll to Top