Top Sport

Кајл Кузма кај Јанис и Лилард во Милвоки

Американскиот кошаркар Кајл Кузма е трејдуван во Милвоки Бакс каде ќе им се придружи на Jанис Адетокумбо и Демијан Лилард.

Кузма беше испратен од Вашингтон Визардс во Милвоки Бакс за Крис Мидлтон, кој ќе се пресели во франшизата од престолнината на САД.

Заедно со Кузма, во Висконсин оди и Патрик Болдвин Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот, додека во главниот град на САД ќе завршат и Еј Џеј Џонсон и правото на трејд пикови.

Иако можеби не е најсилната, но ова ќе биде новата „голема тројка“ во НБА, составена од Кузма, Адетокумбо и Лилард, со солидни играчи околу нив како искусниот центар Брук Лопез.

Ова ќе биде трет тим на Кузми во кариерата, откако претходно играше за Лос Анџелес Лејкерс од 2017 до 2021 година. 29-годишникот нема добра сезона, со просек од само 15,1 поен, шест скока и 2,5 асистенции по натпревар, што е значително под просеците од претходните сезони.

Причината за ова е што Вашингтон е најлошиот тим во лигата оваа година и јасно е дека Кузма бараше начин да си замине од тој тим.

На другата страна оди 33-годишниот Мидлтон, кој помина речиси 12 години во Милвоки, но во последните речиси две и пол години беше само бледа сенка на играчот кој во голема мера беше заслужен за титулата во НБА лигата која заврши во Висконсин.

Scroll to Top