Top Sport

Кајри Ирвинг ќе ги напушти Бостон Селтикс

Кајри Ирвинг нема да ја искористи опцијата во договорот која му овозможува да остане играч на Бостон Селтикс и наредната сезона. Информацијата ја објави американскиот новинар Шемс Чаранија.

Ирвинг има опција во договорот, која му овозможува да заработи 21,3 милиони долари бруто, доколку и наредната сезона остане во Бостон. Сепак тој решил да стане слободен агент што значи дека од 1 јули ќе може да преговара со сите заинтересирани клубови.

27 годишниот кошаркар минатата сезона на 67 натпревари просечно бележел по 23,9 поени и 6,9 асистенции. Бостон сезоната ја заврши со елиминацијата од Милвоки Бакс, во полу-финале на Истокот.

Scroll to Top