Top Sport

Кајри ја растури Јута, Лејкерси тешко со Мемфис

Бруклин Нетс и без Кевин Дурент лесно излегоа на крај со Јута Џез. ЛА Лејкерс, се изнамачија на гостувањето во Мемфис, Сан Антонио Спарс ги изненадија ЛА Клиперс, додека Чикаго Булс славеа кај фаворизираните Портланд.

Бруклин и без Дурент, кој е во седум деневен карантин, ја прегазија Јута. Кајри Ирвинг го предводеше својот тим. Тој ги погоди првите осум шутеви, мечот го отвори со 20 поени, а Нетс имаа предност од 19 поени по првиот дел. На крајот Ирвијнг забележа 29 поени, Крис Леверт 24, а Џерет Аленс имаше 19 поени и 18 скокови.

Лејкерси славеа во Мемфис 94:92, а победата ја обезбедија во последните две минути, кога Леброн Џејмс и Ентони Дејвис направија мини-серија од 6:0.

Леброн забележа 26 поени, 11 скокови и 7 асистенции, а Дејвис 26 поени, 10 скока и 4 асистенции.

Сан Антонио во Лос Анџелес ги победија Клиперси со 116:113. Спарс имаа 19 поени предност по првиот дел, меѓутоа домаќините во третата четвртина се доближија на само поен негатива. Со серија од 11 поени на почетокот на последниот период Спарс ја обезбедија победата.

Пети Милс постигна 27 поени, а Дежонте Мареј 21 за Сан Антонио, додека кај Клиперс се истакна Каваи Ленард со 30 поени и 10 асистенции.

Чикаго Булс, без неколкумина стандардни играли, успеаја да победат во Портланд 111:108. Коби Вајт со 21 поен и 10 скока, односно Ото Портер со 19 поени и 13 скокови го водеа тимот до победата. Вообичаено најефикасни во редовите на Портланд беа Демијан Лилард со 26 и Си-Џеј Мекалум со 24 поени.

Scroll to Top