Новиот плејмејкер на Барселона, Гркот Ник Калатес вели дека играњето со Никола Миротиќ, Брендон Дејвис и Кори Хигинс значајно ќе му ја олесни работата. Тој потпиша повеќегодишен договор со каталонскиот клуб, а во интервју за „АС“ вели дека во минатото не бил во добри односи со новонаименуваниот тренер на Барса, Шарунас Јасикевичиус.
„Во текот на првиот престој во Панатинаикос го запознав Шарунас и го мразев затоа што многу викаше по мене. Имав 20 години и не разбирав дека се обидува да ми помогне и да ме направи подобар кошаркар. Подоцна го разбрав тоа и станавме многу блиски. Вистина е дека тој е сега еден од најдобрите тренери и сигурно ќе донесе нов менталитет во Барселона“ рече Калатес.
Грчкиот кошаркар има 31 година и години наназад е еден од најдобрите плејмејкери во Европа.
Минатите 5 години беше дел од Панатинаикос, а во кариерата има настапувано и за Мемфис, односно Локомотив.