Top Sport

Камерон Пејн ќе му биде резерва на Лилард

Американскиот плејмејкер Камерон Пејн кариерата ќе ја продолжи во Милвоки Бакс.

Тој е слободен агент кој се согласи на едногодишен договор со Бакс. Пејн во Милвоки ќе му биде резерва на Демијан Лилард.

Пејн изминатите четири сезони ги мина во редовите на Феникс Санс. За тимот од Аризона минатата сезона имаше просек од 10,3 поени и 4,5 асистенции, со реализација од 41,5 отсто.

Пејн пристигна во лигата во 2015 година кога беше драфтуван од Оклахома, пред Санс беше член на Чикаго Булс и Кливленд.

Scroll to Top