Познат е списокот на кошаркари на Аргентина што ќе настапат за својата земја на ОИ во Токио. На списокот се тројца НБА кошаркари и еден ветеран – Луис Скола.
Факундо Кампацо и Луис Скола ќе ги предводат соиграчите на Игрите во Јапонија.
Вицешампионите од СП во 2019 година учеството на ОИ ќе го почнат против Шпанија, Словенија и домаќинот Јапонија.
Двата најдобри тима од трите групи директно ќе влезат во четвртфинале.
Еве како изгледа комплетниот ростер на „гаучосите“:
Факундо Кампацо (Денвер Нагетс), Никола Лапровитола (слободен играч), Лука Вилдоза (Њујорк Никс), Николас Брусино (Гранада), Леандро Болмаро (Барселона), Габриел Дек (Оклахома Сити Тандер), Патрисио Гарино (слободен играч), Хуан Пабло Волет (АЕК), Луис Скола (Варезе), Марко Делиа (Трст), Тајавек Галиси (Регатас) и Франциско Кафаро (Универзитет Вирџинија).