Top Sport

Зверев: Кандидат сум за медал во Токио, можам да го победам Ѓоковиќ!

Германскиот тенисер, Александер Зверев се гледа себе си како еден од фаворитите за медал на ОИ во Токио. Тој е еден од малубројните спортисти кои велат дека одвај чекаат ОИ да почнат.

„Одам во Токио да се борам за медал за Германија. Тоа не значи дека сигурно ќе ја освојам, но се гледам себе си како еден од фаворитите за одличје. Ја сакам Германија, отсекогаш сум сакал да играм за мојата земја“ вели тој.

Зверев е оптимист и за евентуален дуел против Ѓоковиќ.

„За да можеш да го победиш Ѓоковиќ, мораш да можеш да правиш работи кои повеќето тенисери не ги можат. Мораш да трчаш колку и тој, да се движиш на истиот начин. Мораш да бидеш за класа подобар за да го совладаш. А себе си се сметам за некој кој тоа го може“ вели Зверев.

Германскиот тенисер не се плаши од притисокот на големи очекувања од Токио.

„Најдобрите играчи секогаш чувствуваат некој вид на притисок. За мене тоа е позитивна работа. Затоа што дури тогаш станувате свесни дека се еден од најдбрите во светот“ смета Зверев.

Scroll to Top