Top Sport

Кампацо и Звезда, сепак, се пресилни за „металците“ (фотогалерија)

МЗТ Скопје Аеродром едно полувреме беше израмнет противник на најдобриот регионален кошаркарски клуб, евролигашот Црвена звезда, но на крајот загуби со 57:80 во меч од 14. коло на АБА лигата.

Аргентинската суперѕвезда Факундо Кампацо беше нерешлива енигма за одбраната на македонскиот клуб, и со серија од тројки во третата четвртина го одлучи победникот. МЗТ немаат многу време за одмор, бидејќи веќе на 16 јануари одат кај уште еден клуб од Евролигата, Партизан.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top