Top Sport

Кампацо ќе игра бесплатно за Реал додека го чека повикот од НБА

Аргентинецот Факундо Кампацо се договорил со Реал Мадрид да остане кај „кралевите“ додека не договори заминување во НБА лигата, и необично ќе игра без да биде платен за да ја „исплати“ клаузулата во неговиот договор.

Според „Марка“, Реал има клаузула од 6 милиони евра за зазминување од Реал Мадрид, и сега, Кампацо, кој заработува околу 320.000 долари месечно, нема да зема плата додека не ја стигне оваа сума, и додека не замине за НБА, каде што уште не се знае кога ќе почне новата сезона, иако најверојатен датум е декември.

За 29-годишниот Кампацо се заинтересирани повеќе НБА тимови, а најголем фаворит за неговиот потпис се Далас маверикс.

Scroll to Top