Top Sport

Ривалдо: Нема причина Нејмар да се враќа во хаосот во Барса

Легендата на Барселона, Ривалдо вели дека нема причина неговиот сонародник Нејмар да се враќа во „хаосот“ во Барселона и дека е вистинска одлука да остане во Пари Сен-Жермен, каде што може да стигне до врвот на Европа.

Минатото лето беше одбележано со шпекулациите дека Нејмар е пред враќање во Барса, но каталонскиот гигант не успеа да се договори со ПСЖ и тој остана во Франција и со клубот стигна до финалето на ЛШ, каде што загубија од Баерн Минхен. Ривалдо вели дека 28-годишниот сонародник останува на своето место.

„По сè што помина од пристигнувањето во ПСЖ, мислам дека треба да му честитаме на Нејмар што стигна до финалето на ЛШ по три сезони со клубот. Имаше тешки моменти во Франција и се обиде да се врати во Барселона, беше исвиркуван од сопствените навивачи, но успеа да ги надмине проблемите и мора да му се честита на тоа. Денеска е целосно фокусиран на ПСЖ и нема причина да заминува, посебно поради хаосот во Барса“, вели Ривалдо.

Scroll to Top