Канада ја совлада Австралија со 93:83 (26:28, 19:21, 27:21, 21:13) и се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри.
Австралија на крилата на Џош Гиди одлично го отвори натпреварот и со цврста одбрана во првиот дел од првата четвртина дојде до шест поени предност (19:13), но Шеј Гилџес-Александар не дозволи „кенурите“ да се одлепат.
Два поени предност имаа Австралијците по првиот период, а по слчн сценарио се одвиваше и втората четвртина, која исто така им припадна на Австралијците за два поени.
Во вториот дел улогите се сменија, Канада ја засили играта во одбраната и предводена од Ар-Џеј Берет созаде предност од 10 поени. Австралија успеа да се врати но не и да ја стигне негативата.
Берет со 24 поени ја предводеше Канада, Брукс и Гилџес-Александер постигнаа по 16 поени, додека кај Австралија најефикасен беше Гиди со 19 поени, Џок Лендејл одигра одлична партија, постигна 16 поени и додаде 12 скока, а Ексум имаше 15 поени.