По импресивната победа над Франција, репрезентацијата на Канада имаше доминантна 128:73 победа над Либан во второто коло од Светското првенство, во меч во кој дури девет нивни кошаркари имаа двоцифрен број на поени.
Еј Џеј Берет блесна со 17 поени, Тре Бел-Хајнс додаде 15 поени и 8 скока, додека Мелвин Еџин заврши на 13 поени. Никел Александер-Вокер, Зек Иди, Кели Олиник и Шеј Гилџис-Алекснандеер уфрлијапо 12, а Кајл Александер и Дилон Брукс ја комплетираа листата на двоцифрени со по 10 поеени.
Во мечот немаше никаква неизвесност, иако Либан поведе на стартот, Канада на полувреме имаше 36 поени предност, која максимално достигна 61 поен.