Top Sport

Канингем прв пик на драфтот – НБА кариерата ќе ја почне во Детроит

Кејд Канингем е прв пик на драфтот во НБА лигата. Студентот на универзитетот Оклахома стејт кариерата ќе ја продолжи во Детроит Пистонс. Канингем има 19 години, игра на позицијата плејмејкер иако е висок два метри.

Со репрезентацијата на САД, играчи до 19 години, во 2019 година стана светски првак.

Од втората позиција Хјустон Рокитс го избраа Џејлен Грин, додека трет пик е Еван Моби кој ќе игра за Кливленд Кавалирс. Изненадување, според Американците е изборот на Скот Барнс како четврти пик од страна на Торонто Репторс. Орландо Меџик од петтата позиција го избраа Џејлен Сагс.

Највисоко рангиран играч од Европа е Германецот Франс Вагнер. Него од осмата позиција Орландо Меџик.

Српскиот репрезентативец, МВП на сезоната во АБА лигата, Филип Петрушев, како 50 пик заврши во Филаделфија. Петрушев е играча на Мега. Тој е 13 кошаркар од овој тим кој е избран ан драфтот во НБА лигата. Најпзнат е актуелниот МВП, Никола Јокиќ.

Scroll to Top