Одигран е најдраматичниот натпревар во историјата на НЦАА лигата. Канзас успеа да го направи најголемиот кам-бек во историјата на финалињата на НЦАА и на крајот ја победи Северна Каролина со 72:69. Имаа 15 поени негатива на полувремето, во еден момент од првото полувреме беа и на -16, што е најголемиот минус досега за еден шампион. Рекордот го држеше Лојола, кога од Чикаго се врати до успех по 15 поени негатива и ја презеде круната.
Тимот на Канзас одигра неверојатно второ полувреме, Дејвид Мекормак донесе водство од три поени на дваесетина секунди до крајот. Каролина на минута пред крајот остана без Армандо Бако, кој го повреди скочниот зглоб.
На крајот од драмата, иако кошаркарите на Каролина погрешија и останаа уште пет секунди, ДеХуан Харис од Канзас стапна на линијата и му даде нова шанса на ривалот. Топката очекувано отиде кај Кејлеб Лоу, тој беше во тешка позиција, вон рамнотежа, не го погоди ниту обрачот и можеше да започне големото славје на Канзас.
По 15 години, Канзас ја освои титулата, втора под водство на тренерот Бил Селф. Агбаџи од Канзас е избран за МВП играч на финалниот меч.