Top Sport

Кари блесна за Вориорс, Џејмс со пораз го прослави 33-тиот роденден (видео)

Стеф Кари се врати за шампионите Голден Стејт вориорс и ги „крена“ до импресивна 141:128 победа над Мемфис гризлис.

Кари имаше 38 поени за Вориорси, а уште поимпресивно е што тренерот Стив Кер го ограничи на само 26 минути игра по враќањето од повредата на скочниот зглоб. Кари додаде и 4 скока и 3 асистенци, а имаше и 10-од-13 реализација.

Јута џез пак го расипа 33-тиот роденден на Леброн Џејмс, стигнувајќи до 104:101 победа над неговите Кливленд кавс.  Џејмс имаше одличен старт, а Кавс имаа 10 поени разлика по првата четвртина, и пет поени на полувреме. Во второто полувреме Џез направија пресврт, за на крај да го добијат тесниот натпревар.

Scroll to Top