Двократниот МВП, Стивен Кари цела своја кариера игра за Голден Стејт вориорс и дефинитивно нема намера да го промени тоа.
Тој освои три НБА титули во последните четири години и има петгодишен договор вреден 201 милиони долари со кој ќе игра за Вориорс барем до 2021/22. Во интервју со Бил Симонс, Кари вели дека нема желба да се врати во својот роден Шарлот.
„Секако дека сакам да останам. Ова е домот за мене и тука сакам да останам, поради очигледни спортски причини. Исто така го сакам Сан Франциско и оваа област. Одам дома во Шарлот само ако мојата сестра се мажи или ако играме со Хорнетс“, вели Кари.
30-годишниот Американец вели дека сака да остане во НБА уште многу сезони, посочувајќи го Џејсон Кид како инспирација.
„Никогаш не знаеш што е потребно да направиш за да ја продолжиш кариерата, но тука сум да го пронајдам тоа“, додава Кари.