Денвер ја забележаа третата победа по ред, Милвоки го запишаа првиот пораз во сезоната, Голден стејт ја прекинаа низата од пет порази, ЛА Лејкерс доживеаја тежок пораз во Солт Лејк сити, а Филалделфија ги победи Финикс Санс, во најинтересните натпревари одиграни изминатата ноќ во НБА лигата.
За прв пат во историјата на НБА сите екипи играа во иста вечер. Денвер Нагетс успеаја да ги победата Сан Антонио Спарс со 115:109.
Никола Јокиќ уште еднаш беше фантастичен и за 34 минути на теренот запиша 26 поени, 10 асистенции, 8 скока, 2 украдени топки, 3 блокади. Ист број на поени постигна и Мајкл Портер јуниор.
Милвоки Бакс загубија на гостувањето кај Атланта Хокс со резултат 117:98. По овој натпревар во лигата повеќе нема непоразени тимови.
Најдобар играч за Хокс беше Дежонте Мареј со 25 поени, 8 скока и 11 асистенции. Очекувано, Јанис Адетокумбо беше најдобриот играч на Бакс со 25 поени (9/20 од поле, 7/8 пенали), 7 скока и 2 асистенции.
Актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс ја прекинаа серијата од пет порази, во која беа на турнејата во Источната конференција. Вориорс на домашен терен славеа над Сакраменто Кингс со 116:113.
Стеф Кари практично сам ги победи Кралевите во дербито на Калифорнија. Кари постигна 47 поени. Поддршка доби од Ендрју Вигинс (25 поени и 10 скокови) и Клеј Томпсон (16 поени, 6/18 од поле). Кај Кингс се истакна Диерон Фокс со 28 поени (8/17 од поле), Малик Монк додаде 24, а Домантас Сабонис имаше 19 поени и 14 скока.
Јута Џез ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 139:116 во Солт Лејк Сити, а тимот од Калифорнија остана без Леброн Џејмс поради повреда.
Најдобар играч во домашниот тим беше Финецот Лаури Марканен, кој игра брилијантно од стартот на сезоната. Поранешниот кошаркар на Кливленд и Чикаго постигна 23 поени, Џордан Кларксон забележа 22 поени. Кај Лејкерси Ентони Дејвис постигна 29 поени (11/18 од поле), а Расел Вестбрук имаше 22.