Top Sport

Кари и дружината го декласираа Денвер

Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни девет натпревари. Денвер на Никола Јокиќ загуби дома од Голден Стејт со 134:114, Нагетс го запишаа вториот пораз во првите три натпревари од почетокот на сезоната. Мајами, нема триумф во првите четири натпревари. Хит загубија од Далас 109:113.

Голден Стејт Вориорс во Колорадо, против Денвер ја забележаа првата победа во новата сезона, откако претходно запиша три порази.

Блескаше дебитантот Јаксел Ландеборг со 31 поен со 12 скока, додека ветеранот Стеф Кари го заврши натпреварот со 24 поени со неверојатен шут: 8/8 од поле, 3/3 за три поени и 5/5 од линијата за слободни фрлања. И постигна 21 поен во второто полувреме.

Денвер го предводеше Демар Дерозан со 21 поен, Никола Јокиќ забележа 19 поени, седум скока и 11 асистенции.

НБА резултати

Шарлот – Вашингтон 110:103
/Милер 39 – Дејвис 29/

Кливленд – Минесота 127:125
/Мичел 26 – Едвардс 47/

Бостон – Чикаго 134:99
/Причард 28 – Пауел 20/

Мајами – Далас 109:113
/Адетокумбо 29 – Флег 29/

Милвоки – Индијана 110:102
/Хиро 23 – Халибартон 22/

Оклахома – Феникс 125:114
/Мичел 30 – Грин 20/

Хјустон – Атланта 120:110
/Шенгун 29 – Џонсон 21/

Јута – Мемфис 105:110
/Џорџ 26 – Кауард 16/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');