Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс, води 2-0 во полу-финалната серија во Западната конференција, против Њу Орлеанс Пеликанс. Кај Вориорс по долгата пауза поради повреда на коленото се врати Стеф Кари, кој заедно со Дурент го предводеше тимот до победата 121:116.
Интересен натпревар во Оукланд одиграа Вориорс и Пеликанс. По израмнетата борба во првото полувреме, Пеликанс први попуштија во вториот дел и му овозможија на домаќинот во средишницата на третиот период да ја создаде највисоката разлика од 13 поени.
Во финишот на мечот Пеликаните успеаја да се доближат, но не ја оспорат предноста на Вориорс.
Стеф Кари се врати со 28 поени, седум скока и две асистенции за 27 минути игра. Вориорс ги предводеше Кевин Дурент со 29 поени, додека на Дрејмонд Грин му недостигаше еден скок за да забележи трипл-дабл (20 поени, 12 асистенции).
Кај Пеликаните се истакна Ентони Дејвис со 25 поени и 15 скока, а Џру Холидеј запиша 24 поени и по осум скока и асистенции.
Наредниот натпревар, трет во серијата, ќе се игра во Њу Орлеанс на 5.мај.