Top Sport

Кари шоу во Бостон – Ворирос го вратија брејкот

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс го вратија брејкот, славеа во Бостон со 107:97 и го изедначија резултатот во финалето на 2:2.

Навивачите на Бостон го видоа шоуто на Стеф Кари. Најдобриот шутер во историјата на лигата постигна 7 тројки, од игра погоди 14 од 26.шутеви, а натпреварот го заврши со 43 поени, 10 скока и четири асистенции.

Натпреварот беше крајно неизвесен до самиот крај. На 90 секунди до крајот со тројката на Ал Хорфорд, Селтикс се доближија на 97:100, но до крајот играчите на Бостон не успеаја да постигнат ниту еден поен.

Пресуден беше офанзивниот скок на Дрејмонд Грин и поените на Кевон Луни за 97:102.

Покрај Кари одличен натпревар за Вориорс одигра и Ендрју Вигинс (17 поени, 16 скока). Двоцифрен број на поени постигнаа и Клеј Томпсон (18), односно Џордан Пул (14).

Бостон го предводеше Џејсон Тејтум со 23 поени, 11 скока и шест асистенции, Џејлен Браун постигна 21, а Маркус Смарт 18 поени.

Петтиот натпревар на програмата е ноќта помеѓу понеделник и вторник во Сан Франциско.

Scroll to Top