Американскиот кошаркар Кармело Ентони е новиот амбасадор на ФИБА на Светското првенство во кошарка кое летово ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Пред него за амбасадори беа избрани Луис Скола и Пау Гасол.
„Со гордост ги претставував САД на најголемата светска сцена, а Светското првенство е најтешкото натпреварување во меѓународната кошарка. Се работи за наоѓање совршена рамнотежа помеѓу талентот, индивидуалните квалитети и одличната хемија. Со нетрпение очекувам да ги поддржам сите играчи на Светското првенство оваа година и да го прославам спортот на глобално ниво“, изјави Ентони.