Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони е 15-ти најдобар стрелец на сите времиња во НБА. Ентони стигна до ова големо признание иако во кариерата досега се нема израдувано на шампионскиот пехар.
Ентони е само третиот играч во историјата на НБА што во дресот на два различни клупа уфрлил по 10.000 поени.
Синоќа на мечот против Филаделфија влезе во историјата постигнувајќи во тој момент, на крајот на втората четвртина поени од линијата за слободни фрлања.
Тој сега има вкупно 26.411 поени и на топ листата го престигна Пол Пирс кој има 26.397 и Џон Хавличек со 26.395.
Следен по кого оди Ентони е Тим Данкан со 26.496 поени, па Доминик Вилкинс со 26.668.
На врвот на листата неприкосновен со 38.387 е Карим Абдул Џабар, втор е Карл Мелоун со 36.928, а трет е Леброн Џејмс со 34.195 поени.