Македонскиот вице-шампион, Карпош Соколи се раздели со тренерот Борче Даскаловски, еден ден по поразот на домашен терен од страна на Фени Индустри.
„Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата која ми ја укажа“, изјави Даскаловски.
Соколи веќе утре играат меч од Еврокупот против унгарскиот Фалко Вулкано, а на клупата ќе биде досегашниот помошник на Даскаловски, Ангел Тасевски.