Top Sport

Катастрофа на Вориорс во Оклахома (Видео)

Голден стејт Вориорс, на почетокот на новата сезона делуваат како „група на граѓани“. Вориорс доживеаја уште еден тежок пораз од Оклахома сити Тандер 120:92.

Разликата сигурно ќе беше поголема доколку тренерот на Тандер, Скот Брукс, не се решил да ги остави најголемите ѕвезди на клупата во последната четвртина.

Резултатот беше неверојатен уште на полувремето (70:37) за Тандер. Вориорс се далеку од на што беа до ова лето и јасно е дека ќе имаат големи проблеми да изборат пласман во плејофот.

Денис Шрудер со 22 поени,8 скока и 6 асистенции, односно Данило Галинари (21 поен) и Шај Гилџус-Александер (19 поени, 9 скока) ја предводеа Оклахома.

На спротивната страна Стеф Кари играше сам, за 30 минути забележа 23 поени, 8 скока и 5 асистенции. Кари ја немаша помошта на Дианџело Расел, кој беше исклучен поради расправија со судијата.

Scroll to Top